Владата соопшти дека ги отпуштила шефовите на два окрузи под воената управа на Киев и двајца заменици. Не е јасно дали поранешниот боксер Кличко ќе трпи дополнителни последици.
Неговата политичка иднина стана неизвесна откако претседателот Володимир Зеленски ги критикуваше градските власти во врска со инцидентот на 1-ви јуни во кој две жени и една девојка загинаа во воздушен напад, откако тие трчале кон засолништето кое било заклучено.
Зеленски по инцидентот нареди ревизија на сите засолништа и најави промени во раководството. Ревизијата покажа дека само 15 отсто од 4.655 засолништа во Киев се задоволителни, а само 44 отсто се достапни.