Според изворот, погоден е воен објект во близина на градот Карачев во областа Брјанск.
„Навистина, за прв пат беше употребен АТАКМС за напад на територијата на Руската Федерација. Ударот е изведен на објект во Брјанск, успешно е погоден“, вели изворот.
Карачев се наоѓа недалеку од Брјанск, на околу 130 километри од украинската граница.
Генералштабот на украинските вооружени сили во вторникот наутро извести за напад на складиште за оружје во областа Брјанск, но не прецизираше каков вид на оружје е употребено.
Карачев се наоѓа во близина на 67-от арсенал на Главната управа за ракети и артилерија на Русија. Рускиот Телеграм канал Астра објави дека локалното население во областа пријавило „експлозии, детонации и напад на воена база“ во текот на ноќта на социјалните мрежи.