четврток, 18 јули 2024

Украина: Тешки борби се водат на првата линија на фронтот

Објавено на

часот

Сподели

Околу 25 битки се случиле во текот на изминатиот ден во близина на источниот град Бахмут, јужно кај Авдиивка и Марјинка, сите во регионот на Доњецк, но и кај Билохоривка во областа Луганск, соопшти Генералштабот на украинските вооружени сили.

Украина објави дека нејзините трупи напредуваат кон три села во Доњецк: Благодатне, Нескучна и Макаривка. Тврдењата не можеа да бидат независно проверени, а руските власти веднаш не коментираа, пишува Ројтерс. Некои истакнати руски воени блогери изјавија дека се водат борби за Макаривка додека украинските сили ги окупирале Благодатне и Нескучне.

Двете страни рекоа дека нивните сили им нанеле големи загуби во жива сила и опрема на своите противници во текот на изминатата недела, додека украинската контраофанзива почна да добива облик.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот изјави дека Украина не успеала да ја пробие руската одбрана, додека неговото Министерство за одбрана соопшти дека уништило неколку главни борбени тенкови Леопард и друга опрема што Украина ја добила од Запад.

Додека главно молчеше за својата контраофанзива минатата недела, украинската војска известува за секојдневните успеси на бојното поле. „Во текот на изминатата недела во правец на Бахмут рускиот окупатор претрпе значителни загуби“, соопшти денеска Генералштабот.

Гувернерот на областа Доњецк вчера соопшти дека еден цивил е убиен, а двајца се ранети во руски оган во областа Авдиивка. Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека Киев сака да разговара за деталите за воздушната коалиција со своите сојузници на следниот состанок на Украинската одбранбена контакт група на 15 јуни во Брисел.

Зеленски долго време повикува на распоредување на борбени авиони Ф-16 од американско производство, велејќи дека нивното купување со украински пилоти ќе биде сигурен сигнал до светот дека руската инвазија ќе заврши со пораз. „Во оваа фаза станува збор за обука на пилоти, наши техничари и инженери“, рече Резников.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ