Командантот на украинските воздухопловни сили, Микола Олешук, на Фејсбук напиша дека пет беспилотни летала „шахед“ од иранско производство биле пресретнати во регионите Херсон, Дњепропетровск, Кировохрад и Запорожје.
Беспилотните летала биле лансирани од воздухопловна база во рускиот регион Краснодар.
Русија, исто така, истрела две противвоздушни наведувани ракети С-300 и две наведувани ракети Кх-59, соопшти Украина.
Гувернерот на Херсон, Олександр Прокудин, изјави во неделата дека 15 лица, меѓу кои и едно дете, се повредени во руското гранатирање еден ден претходно.
И покрај доказите за спротивното, Русија останува на ставот дека не ги гаѓа украинските цивили.
Набљудувачката мисија на Обединетите нации за човекови права соопшти дека најмалку 11.284 украински цивили биле убиени од непријателски оган од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година, нагласувајќи дека вистинската бројка е веројатно поголема.