сабота, 19 октомври 2024

Украина ја обвини Русија дека практично престанала да го спроведува Договорот за извоз на жито

Објавено на

часот

Сподели

„Руската Федерација уште еднаш практично ја стопираше Иницијативата за жито со одбивање да ги регистрира бродовите што доаѓаат и да ги изврши своите инспекции. Овој пристап е во спротивност со сегашниот договор“, соопшти министерството, пренесе Ројтерс.

Русија претходно посочи дека нема да дозволи продолжување на Договорот за жито, кој истекува на 18 мај, а како причина го наведе тоа што рускиот дел од договорот за извоз на руски жита и вештачки ѓубрива не е исполнет.

Рускиот претседател Владимир Путин сѐ уште не одговорил на предлозите на генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш за договорот за извоз на жито преку пристаништата на Црното Море, изјави во саботата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ