Повикувајќи ги Украинците „да ги игнорираат руските дезинформации“, Малиар напиша на Телеграм: „Како непријателот известува од Бахмут? Се фали себеси, зборува за божемни успеси и измислува приказни за нашата воена команда“.
„Непријателот не успеа да ги реализира своите планови. Тие претрпеа големи загуби во жива сила, а нашите бранители напредуваа 2 километри во правец на Бахмут“, објави заменик-министерката, додавајќи: „Оваа недела не загубивме ни една единствена позиција во Бахмут“.
„Истовремено, непријателот дава лажни информации за недостиг од оружје, со што веројатно сака да ја оправда фактичката состојба.“
Украина денеска објави и нова процена за руските жртви:
“Now I have a machine gun ho-ho-ho”
John McClaneTotal combat losses of the enemy from February 24, 2022 to May 12, 2023: pic.twitter.com/yrtCm6JhA8
— Defense of Ukraine (@DefenceU) May 12, 2023