Украинскиот Генералштаб соопшти дека руската војска истрелала 13 противвоздушни ракети С-300 кон Славјанск и блискиот Краматорск, градови во областа на Доњецк.
И Славјанск и Краматорск се под зголемен напад на руските сили кои моментално се стационирани во блискиот Бахмут, кој се обидуваат да го освојат со месеци, пренесува Слободна Европа.
Главниот штаб истакна дека украинската армија одбила 56 руски напади во градовите Лиман, Бахмут, Авдијивка и Маринка во областа Доњецк.
Во Словјанск спасувачите цела ноќ бараа преживеани по урнатините. Спасена е 70-годишна жена.
„Едно дете почина на пат кон болницата“, соопштија од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.