СБУ наведе дека, во соработка со Бирото за економска безбедност (БЕБ), открила „шема од големи размери”, во која осомничените можеби украле гориво во вредност до 485 милиони долари од украинскиот систем за транзит на гасот, пренесе Ројтерс.
Претставникот на Фирташ, кој во моментов се наоѓа во Виена, не одговорил веднаш на барањето на Ројтерс за коментар.
Украина воведе санкции спрема Фирташ во минатиот јуни поради обвинување за продажба на производи од титаниум за кои Киев кажа дека на крај ги искористиле руски воени претпријатија.
Фирташ ги негираше овие обвинувања.
Тој стана богат и влијателен бизнисмен во Украина, но во Соединетите Држави е обвинет за мито и рекетирање.
Тој ги негира овие обвинувања и се бори против екстрадицијата од Виена.