среда, 23 октомври 2024

Украина: 32 отсто од испитаниците се подготвени на територијални отстапки заради брз мир

Речиси една третина од Украинците би биле подготвени да прифатат некои територијални отстапки за Русија заради брз крај на војната, што е повеќе од трикратно зголемување во однос на минатата година, иако мнозинството сè уште одбива да се откаже од какви било отстапки, според резултатите на последната анкета.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Киевскиот меѓународен институт за социологија објави дека нивната анкета на 1.067 луѓе спроведена од 16 до 22 мај на територијата под контрола на Украина покажала дека 32 отсто од испитаниците се согласуваат на некаков облик на територијални отстапки, во споредба со само 10 отсто пред една година и 19 отсто на крајот од минатата година, пренесе Ројтерс.

Се вели дека 55 отсто од Украинците сè уште се против какви било територијални отстапки.

Скоро 29 месеци од конфликтот во целосен обем, Русија држи околу 18 отсто од територијата на Украина, вклучувајќи го и полуостровот Крим што го анектираше во 2014 година.

Украинските трупи оваа година беа во дефанзива, соочени со руски воен напредок откако украинската контраофанзива минатата година не постигна значителни резултати.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ