четврток, 28 ноември 2024

Убиството на Салех ал-Арури ги загрозува преговорите за ослободување на заложниците

Убиството на лидерот на Хамас, Салех ал-Арури, во предградие на Бејрут во вторникот ги прекина разговорите со палестинската милитантна група за ослободување на заложниците, изјавија двајца високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден за Ен-би-си њуз.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Еден од претставниците истакна дека Хамас во моментов нема поттик да ги ослободи преостанатите заложници бидејќи, откако ќе го сторат тоа за време на преговарачката пауза, Израел ќе продолжи со воздушните напади врз Појасот Газа.

Рамката за договор за заложниците беше воспоставена минатиот месец за време на разговорите на високо ниво во Варшава меѓу директорот на ЦИА, Бил Барнс, катарските претставници на Хамас и шефот на Мосад, но немаше конечен договор, изјави трет висок претставник на администрацијата запознаен со дискусиите.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен, кој денеска пристигна во Доха, рече дека ќе разговара со официјалните лица во Катар и други земји за напорите да се вратат американските и другите заложници дома.

Високи катарски функционери се сретнаа со семејствата на заложниците откако тие побараа да ја посетат земјата од хуманитарни причини, изјави дипломатски извор запознаен со посетата за Ен-би-си њуз.

Состаноците, наводно, биле конструктивни, а катарските власти ги повториле своите напори да обезбедат ослободување на сите преостанати заложници.

Формалните преговори за заложниците меѓу Израел и Хамас, со посредство на Катар, се во тек, изјави извор за Ен-би-си, иако тие се погодени од неодамнешните настани.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ