среда, 23 октомври 2024

Убиен професионален војник, обвинителството вели поводот е од приватна природа

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кичево донесе наредба за спроведување истрага против 21-годишник од селото Суви Дол, Македонски Брод за кого постои основано сомнение дека сторил кривично дело убиство, соопшти попладнево Обвинителството.

Фото: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Според Обвинителството, осомничениот со умисла убил маж во двор на куќа во селото Калуѓерец, нанесувајќи му огнострелна повреда со куршум од ловна пушка.

„Жртвата е 31-годишен професионален војник во АРМ, но повод за убиството е банална вербална расправија од приватна природа. Надлежниот јавен обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, соопшти Јавното обвинителство.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ