петок, 18 октомври 2024

Убиен поранешен кошаркар на МЗТ

Објавено на

часот

Сподели

Минатосезонскиот член на скопски МЗТ Скопје Аеродром, Американецот Дернел Линдзи, го загуби животот при престрелка во едно гето

Линдзи, кој играше за МЗТ Скопје во вториот дел од ланската сезона, починал во болница како резултат на прострелната рана што ја добил во огнената пресметка. Неговите поранешни соиграчи од ланскиот состав во МЗТ шокантно ја примија веста за прераната смрт на црномурестиот кошаркар.

Американецот летоска се врати во САД откако МЗТ реши да не ја продолжи соработката со него. Тој го засили МЗТ ланската зима, кога во Аеродром дојдоа и Миљан Пуповиќ и Петар Наумовски, но Американецот, без оглед што беше најавуван како големо засилување, не покажа речиси ништо на паркетот, со исклучок на неколку атрактивни потези во вечните пресметки со Работнички.

Линдзи во Македонија ќе остане запаметен повеќе за блискоста што ја имаше со помладите членови од навивачката група Фемили Аеродром, како и со емотивното збогување по елиминацијата од Работнички во последниот меч од полуфиналето во плеј-офот.

Зад него ќе остане и инцидентот во четвртиот меч во плеј-офот со Работнички, кога еден вербален дуел на крајот на мечот прерасна во атака кон него од страна на Иван Саздов, кој потоа доби едногодишна суспензија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ