Македонската машка шаховска репрезентација забележа втора победа во низа откако со максимални 4-0 го совлада Хонг Кoнг и се искачи на високото 25. место на табелата со осум меч поени. ИМ Лазов Тони, ИМ Николовски Никола, ИМ Ристески Емил и ФМ Златков Антон земаа по цел поен.
На женскиот олимписки турнир, македонските шахистки ремизираа 2-2 против Киргистан и со 6 меч поени се на 86. место на табелата. Манова Ивана зема цел поен, ЖФМ Стојковска Моника и Жежовска Моника ремизираа, а Ефтовска Леа го загуби мечот.
Во седмото коло машката шаховска репрезентација за противник ќе ја има Швајцарија, додека девојките ќе играат против Тринидад и Тобаго.
На шаховската Олимпијада денеска е слободен ден, седмото коло се игра во среда.