сабота, 19 октомври 2024

Уапсениот американски новинар пред суд во Москва

Објавено на

часот

Сподели

Во судницата беше присутна и американската амбасадорка во Русија, Лин Трејси.

Тој, како што претходно пренесоа руските новински агенции, кривично е обвинет врз основа на членот 276 на рускиот кривичен закон. Му се заканува казна до 20 години затвор.

Мерката притвор до 29 мај може да му биде продолжена до евентуалното судење.

Претходно Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Руската Федерација соопшти дека Гершкович е лишен од слобода под сомнеж дека шпионирал во корист и по налог на американската влада.

Непосредно пред дописничката работа за Волстрит џурнал од Русија, Гершкович работел за АФП и за независниот руски медиум Москоу окејжнс.

„Обвинет е за собирање детали кои се државна тајна за активностите на рускиот воено-индустриски комплекс“, наведоа руските медиуми, додека некои негови колеги за медиумите кажале дека неодамна работел на приказна за руската приватна безбедносна компанија Вагнер.

Претставници на 46 држави членки на Обединетите нации, вклучувајќи ги Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина и Црна Гора, ја осудија „репресијата на Русија над слободата на изразувањето, вклучувајќи ги неправедните апсења на новинари“.

Само Србија не ја поддржа американската изјава од државите од Западниот Балкан.

Изјавата на 17 април ја објави амбасадорката на САД во ОН Линда Томас Гринфилд: „Длабоко сме загрижени поради соопштението на Русија дека го уапсила новинарот на Волстрит џурнал Еван Гершкович. Протестираме против руските напори да ги ограничат и застрашат медиуми. Ги поттикнуваме властите на Руската Федерација да ги ослободат оние кои ги држат од политички причини и да ја прекинат репресијата над слободата на изразувањето, вклучувајќи ги медиумските работници“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ