понеделник, 28 октомври 2024

Уапсен валандовчанец, возел со 3,5 промили алкохол во крвта

Четириесет и петгодишен валандовчанец синоќа бил уапсен откако со автомобил застанал на лента за престигнување на автопатот Гевгелија – Демир Капија. Итната медицинска помош констатирала дека тој имал 3.53 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

Објавено на

часот

Сподели

„На 30 октомври, во 23 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го лишиле од слобода М.Б. од село Јосифово, валандовско. Околу 22 часот на автопатот Гевгелија – Демир Капија, тој со патничко возило „фиат“, со гевгелиски регистарски ознаки, застанал на лентата за престигнување со што ги довел во опасност останатите учесници во сообраќајот“, велат од полицијата.

Тој бил затекнат во неконтактибилна состојба и при укажување помош во Итна медицинска помош Неготино било констатирано дека има 3.53 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ