петок, 15 ноември 2024

Уапсен хрватскиот министер за здравство поради коруптивна набавка на микроскопи

Службеници на Националната полициска канцеларија за сузбивање корупција и организиран криминал (УСКОК) го уапсија хрватскиот министер за здравство Вили Берош, како дел од големата кампања против корупцијата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Полицајците дошле на адресата на Берош со наредби за претрес, дознава Н1 Загреб од извори блиски до истрагата.

Според нив, еден од осомничените лекари е началникот на Клиниката за неврохирургија КБ „Сестри милосрдници“ проф. д-р Крешимир Ротим.

Агенцијата Хина пишува дека станува збор за набавка на дуални микроскопи за неврохирургија, кои наводно биле преплатени, а дека меѓу уапсените е и Ротим.

УСКОК соопшти дека денешните апсења и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрага што била спроведена претходно.

„Споменатите дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во однос на повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела“, објаснуваат од УСКОК.

По распитот на осомничените, УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување во предметниот случај, за што навремено ќе ја информира јавноста, се додава во соопштението.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ