вторник, 3 декември 2024

Трамп го избра Роберт Кенеди Јуниор за министер за здравство

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп го избра Роберт Кенеди Јуниор за министер за здравство, објавија американските медиуми.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Роберт Кенеди, внук на убиениот популарен претседател Џон Ф. Кенеди, беше независен претседателски кандидат додека не се откажа од трката и го поддржа Трамп.

Медиумите Кенеди го опишуваат како „антиваксер“, а познат е по низата контроверзни изјави за здравјето и причините за здравствените проблеми.

По победата на Трамп, тој рече дека „нема никому да ги одземе вакцините“, но дека ќе работи на нивната безбедност и ќе им дозволи на Американците сами да ги донесуваат здравствените одлуки.

„Предолго Американците беа малтретирани од прехранбената индустрија и фармацевтските компании, кои се занимаваа со измами и дезинформации кога станува збор за јавното здравје“, напиша Трамп на социјалната мрежа Икс.

„Безбедноста и здравјето на сите Американци се најважната улога на секоја администрација, а Министерството за здравство ќе игра голема улога во обезбедувањето дека сите се заштитени од штетните хемикалии, загадувачи, пестициди, фармацевтски производи и адитиви во храната што придонеле за масовната здравствена криза во оваа земја“, нагласи Трамп.

„Тој ќе ѝ помогне на Америка повторно да биде здрава“, рече Трамп во својот победнички говор на 6 ноември. „Тој сака да направи некои работи, а ние ќе му овозможиме да ги реализира“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ