среда, 27 ноември 2024

ТВ презентерката Бесмира Ејупи сепак ќе оди во дипломатија „на испомош“

Поранешната ТВ презентерка Бесмира Ејупи, која пред две години за малку, ако не беа реакциите во јавноста, ќе беше испратена за конзул во Њујорк, сепак ќе замине во дипломатска мисија. Решението го донел министерот во заминување Бујар Османи, дознава Експрес од дипломатски извори. Информацијата подоцна, како што јави Канал 5, е потврдена од МНР. Станувало збор за испраќање „на испомош“.

Објавено на

часот

Сподели

Министерот Османи решението го потпишал денеска, заедно со уште 10-15 решенија за други вработени во МНР. Ејупи ќе оди една година на испомош во конзулатот во Бон, Германија.

Од МНР велат дека станува збор за конзуларните претставништва каде има зголемен обем на работа поради тоа што нашата дијаспора патува дома и е поврзано со олеснување на издавањето на документи на шалтерите на конзуларните претставништва.

Oд Македонскиот дипломатски синдикат реагираат дека е некоректно и кон колегите, но и дека е политички некоректно на десетина дена пред доаѓање на нов министер, министерот во заминување да носи одлука за тоа кои диполмати се соодветни за одредени места.

Младата новинарка Ејупи најпрво била вработена во Министерството за односи со заедниците и политички систем кое го раководи Артан Груби, а набрзо потоа, во 2022 година била префрлена во МНР. Таа година беше планирано да биде испратена за конзул во Њујорк, но под притисок на јавноста, која забележа дека за такви дипломатски позиции се потребни дипломати со искуство и стаж во МНР, Османи ја повлекол одлуката.

Покрај ова, на површина тогаш исплива и податокот дека Ејупи била на платен список и на државното Правобранителство и како и на неколку општини, а за целиот едногодишен ангажман добила околу 12.000 евра,

Инаку, на почетокот од годинава реагираше Македонскиот дипломатски синдикат алармирајќи дека незаконски и пред избори за конзул во Њујорк се испраќа Мухаби Синани, тукушто вработен во Министерството за надворешни работи, на истото место каде министерот Бујар Османи сакаше да ја испрати ТВ-презентерката.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ