Во рамките на оваа турнеја предвидени се и настапите во Белград и Загреб. На оваа турнеја ќе биде промовирана песната Псалм 135, како воведна песна од новиот албум планиран за догодина.
Албумите на Мизар оставија длабока трага во музичката историја не само во Македонија, туку и многу пошироко.
Во новиот состав на Мизар се Горазд Чаповски, гитара, Пеце Китановски, бас, Илија Стојановски, бас процесор, вокс, Принц, клавијатури, бек вокал, Драган Теодосиев, тапани, Нико Георгиевски, вокал, перкусии, Хармосини (Петар Христов, Христијан Моневски, виола, саксафон, кларинет, флаута, лира).