среда, 11 декември 2024

Не стивнува малолетничкото насилство, нови четири регистрирани случаи

Во последното деноноќие полицијата регистрираше четири нови случаи на малолетничко насислство. Три од четирите пријави биле во Скопје, а една во Велес. Во два од четирите случаи, двајца малолетници завршиле во болница.

 

Објавено на

часот

Сподели

Вчера во полициската станица Велес било пријавено дека во oпштинско основно училиште во градот, малолетник физички нападнал друг малолетник, негов соученик.

„Нападнатиот малолетник бил однесен во болницата во Велес, по што,  поради сериозноста на повредата бил препратен во комплексот клиники Мајка Тереза во Скопје. За настанот известен бил јавен обвинител и Центар за социјални работи Велес“, информираше МВР.

Вчера во СВР Скопје било пријавено дека во Градската општа болница Св.Наум Охридски со убодни рани бил донесен малолетник од село Кучевиште, скопско.

„Според пријавеното, кај Транспортниот центар во Скопје тој бил физички нападнат од група малолетници, при што еден од нив со остар предмет му нанел убодни рани. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, се наведува во билтенот на МВР.

Вториот пријавен случај во Скопје се случил вчера, час и половина по полноќ кога С.Ј. од село Цветово, општина Студеничани, пријавил дека на 19 ноември 2024 на подрачјето на Бит Пазар, по претходна расправија, неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во третиор случај пак, вчера во СВР Скопје, Г.С. пријавил дека во основно училиште на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од тројца ученици од училиштето.

„Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ