петок, 6 декември 2024
Статистика

Во септември просечната нето плата беше 41.585 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во септември 2024 година, изнесувала 41 585 денари и во одно на септември лани е повисока за 9,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Објавено на

часот

Сподели

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (12,6 %), Преработувачка индустрија (11,7 %) и Уметност,
забава и рекреација (11,4 %).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Рударство и вадење на камен (5,8 %), Административни и помошни услужни дејности (5,0 %) и Преработувачка индустрија (2,8 %).

Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, пак, во септември 2024 година, изнесувала 62.573 денари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ