петок, 18 октомври 2024

Турција ќе ги блокира миноловците наменети за Украина

Турција најави дека нема да дозволи два миноловци донирани од Велика Британија за Украина да пловат низ нејзините води на пат кон Црното Море, бидејќи така би се прекршил меѓународниот пакт за воено минување низ теснеците.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Велика Британија минатиот месец соопшти дека ќе донира два миноловци од Кралската морнарица за Украина за да ѝ помогне во зајакнувањето на украинските поморски операции во војната со Русија.

Турција, членка на НАТО, ги информираше сојузниците дека нема да дозволи бродови да ги користат мореузите Босфор и Дарданелите се додека трае војната во Украина, соопшти претседателската канцеларија за комуникации.

„Нашите сојузници се соодветно информирани дека миноловците донирани од Обединетото Кралство за Украина нема да смеат да минуваат низ турските теснеци до Црното Море за време на војната“, се вели во соопштението објавено на платформата Икс.

Кога Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година, Турција се повика на Конвенцијата од Монтре од 1936 година, со што ефективно го блокираше преминувањето на воени бродови од завојуваните страни.

Пактот ги ослободува бродовите кои се враќаат во матичните бази, но ниту Русија ниту Украина не изразија намера да ги однесат своите воени бродови низ турските теснеци до Црното Море од почетокот на војната.

Турција, исто така, ги предупреди земјите што не се на Црно Море да не испраќаат воени бродови низ мореузите.

Според Конвенцијата Монтре, воените бродови на незавојуваните страни може да минуваат низ мореузите во време на војна.

Конвенцијата, исто така, вели дека Анкара го има последниот збор за преминувањето на кој било воен брод доколку Турција смета дека е во опасност да се вклучи во војната. Турција ја спроведе Конвенцијата непристрасно и прецизно со цел да спречи ескалација во Црното Море, соопшти претседателството.

Анкара одржува добри односи и со Киев и со Москва од почетокот на војната.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ