четврток, 28 ноември 2024

Турција се приклучува на тужбата против Израел за геноцид пред судот во Хаг

Турција денеска ќе се приклучи на тужбата на Јужна Африка против Израел за геноцидот во Газа, пред Меѓународниот суд на правдата (МСП) во Хаг.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Интервенцијата на Турција ја насочува меѓународната заедница да ја препознае и да одговори на хуманитарната криза во Газа“, изјави анонимен извор за Ројтерс.

Турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан изјави претходно оваа недела дека Истанбул денеска ќе објави декларација за случајот.

Во мај Турција најави дека ќе се приклучи на тужбата поднесена од Јужна Африка, бидејќи ги засили мерките против Израел поради нападот на Газа, додавајќи дека нејзиното барање ќе биде придружено со потребните законски подготовки.

Израел постојано ги отфрла обвинувањата за геноцид како неосновани, тврдејќи пред судот дека операциите во Газа се самоодбрана и се насочени само кон милитантите на Хамас кои го нападнаа Израел на 7 октомври.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ