петок, 18 октомври 2024

Турција ѝ екстрадираше на Русија осомничен за бомбашки напад во Москва

Руски државјанин, за кој се сомнева дека е одговорен за експлозијата на автомобил бомба во која на 24 јули во Москва беа ранети две лица, е екстрадиран од Турција и пристигнал во главниот град на Русија, кажа портпаролка на руското министерство за внатрешни работи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Едно од двете ранети лица во експлозијата на автомобилот на паркинг во северна Москва наводно бил високорангиран воен разузнавачки офицер, иако сè уште има нејасни работи околу идентитетот на двете жртви.

Осомничениот за бомбашкиот напад, идентификуван како руски државјанин Евгениј Серебрјаков, го притворила турската полиција во летувалиштето Бодрум на Егејско Море.

Тој таму пристигнал со авион на 24 јули, истиот ден кога се случил бомбашкиот напад, се наведува во соопштението на турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Портпаролката на руското министерство кажа дека апсењето и екстрадицијата на Серебрјаков биле возможни преку соработката на руските и турските агенции за спроведување на законите координирани преку Интерпол.

Ни рускиот истражен одбор ни министерство за внатрешни работи не ги идентификуваа двете лица кои се ранети во експлозијата, соопштувајќи само дека е отворена криминалистичка и форензичка истрага за инцидентот кој се случил во московската улоца Сињавинскаја.

Руските медиуми јавија дека двете жртви на бомбашкиот напад се Андреј Торгашов (49), заменик началник на воениот радиоцентар за сателитска комуникација, кој наводно учествувал во руската воена операција во Украина, и неговата сопруга.

Меѓутоа, лице за кое се тврди дека е сопругата на Торгашов Маја, за Телеграм каналот 360 изјавило дека ни таа ни нејзиниот сопруг не биле во автомобилот кога се случила експлозијата, тврдејќи дека во возилото биле други лица.

Весникот Московски комсомолец претходно извести дека „трагите на истрагата вклучуваат можна вмешаност на украинските специјални служби и нивни агенти“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ