петок, 25 октомври 2024

Тројца затвореници избегале од Идризово, полицијата ги фатила и ќе бидат вратени во затворот

Објавено на

часот

Сподели

„По преземени мерки и активности, тројцата биле забележани во село Долно Лисиче со патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки. Не застанале на знак за запирање даден од полициските службеници и продолжиле со движење кон село Јурумлери, но набргу биле пресретнати и лишени од слобода. Притоа, кај И.Ј. и Е.Д. биле пронајдени и одземени два ножа“, соопшти МВР. 

И.Ј. бил осуден на вкупна казна затвор затвор од 11 години за сторени кривични дела по член 215, член 418-б и член 144 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување пет години и три месеци.

Е.Д. бил осуден на казна затвор од седум години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а имал за доиздржување 18 месеци од казната.

М.Р бил осуден на казна затвор од осум години и три месеци за сторени кривични дела по член 215 и член 418-б од Кривичниот законик, а имал за доиздржување три години од казната.

Тие ќе бидат вратени во затворот Идризово за доиздржување на казните.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ