недела, 20 октомври 2024

Тројца загинати во нелегална трка на автопат на Косово

Три лица загинаа, а три се повредени во нелегална трка на автомобили на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Призрен, Косово.
 

Објавено на

часот

Сподели

Несреќата се случила кога еден од возачите загубил контрола на автомобилот и завршил во публиката.

На повредените им е укажана медицинска помош, а возачот бил уапсен и по налог на надлежен обвинител е притворен.

Нелегалната трка била меѓу две возила марка фолксваген голф.

Косовските медиуми ги идентификуваа жртвите, се работи за Лорди Сиља, Молос Делија и Нуе Бибај, сите тројца биле млади мажи од Ѓаковица, од таму бил и возачот што ги усмртил. Тој бил и близок роднина на еден од загинатите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ