четврток, 24 октомври 2024

Тројца партнери незаконски чувале марихуана, полицијата им поднесе кривична пријава, казна ќе има и за фирмата

Објавено на

часот

Сподели

Како што информираат од МВР, при извршена контрола во правното лице на 19 јули годинава од страна на полициски службеници од МВР и овластени лица од Министерство за здравство – Комисија за оценување на исполнување на условите за простор, опрема и кадар за добивање на одобрение за одгледување на канабис за медицински цели, со локација на просторот и површината за одгледување на канабис во село Корешница, Демир Капија, било утврдено дека пријавените, во сеф-собата во објектот за чување на опојни дроги, пријавената количина на обработен сув цвет од канабис не ја спакувале во картонски кутии и не ја запечатиле со заштитни ленти, туку ја спакувале во најлонски и алуминиумски ќеси, што, како што наведуваат од Министерството, е спротивно на законот.

Тие, исто така, до Министерството за здравство не доставиле известувања за настанати промени, како ни за бројот на собрани стебла и сува маса по завршената берба на канабисот, што е спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни прекурсори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ