петок, 13 декември 2024

Трислојни ментол-колачиња

Објавено на

часот

Сподели

За колачињата:

малку путер за подмачкување на тавата

120 г несолен путер

230 г темна чоколада, ситно сечкана

4 лажици какао во прав

200 г шеќер

1 лажичка екстракт од ванила

2 големи јајца

60 г брашно

половина лажичка сол

За кремот:

120 г несолен путер, на собна температура

100 г крем сирење маскарпоне, на собна температура

2 големи лажици зелен ментол-ликер

иситнети пеперминт-бонбони

прстофат сол

200 г шеќер во прав

За глазурата:

200 г темна чоколада, ситно сечкана

100 мл слатка павлака

Приготвување на колачот:

Загрејте ја рерната на 180 степени. Обложете ја тавата со хартија за печење така што да виси на двете страни од тавата. Намачкајте ги тавата и хартијата со малку путер.

Во тенџере на тивок оган растопете ги путерот и чоколадата со постојано мешање. Тргнете ја тавата од оган, додајте ги какаото во прав, шеќерот и ванилата и мешајте додека да нема грутчиња. Оставете да отстои 5 минути за да се раствори какаото во прав. Додајте ги јајцата едно по едно, добро измешајте по секое додавање. Додајте ги брашното и солта и промешајте со гумена шпатула.

Префрлете ја смесата во подготвената тава за печење и размачкајте во рамномерен слој. Печете додека не се стегне, 23 до 25 минути. Оставете целосно да се олади во тавата.

Приготвување на кремот:

Во голем сад матете ги путерот и крем сирењето со електричен миксер, на средна брзина, додека смесата да се изедначи, околу 2 минути. Додајте ги ментол-ликерот, здробените пеперминт-бонбони и солта.

Со миксерот вклучен на мала брзина, постепено додавајте го шеќерот. Зголемете ја брзината на средно-ниска и мешајте додека не се изедначи смесата.

Намачкајте ја во рамномерен слој врз колачот. Ставете ги во фрижидер најмалку 30 минути. Во меѓувреме направете ја глазурата.

Приготвување на глазурата:

Чоколадата ставете ја во огноотпорен сад. Загрејте ја слатката павлака во тенџере на тивок оган додека на рабовите да почнат да се создаваат меурчиња, а потоа прелејте ја чоколадата со неа. Оставете да отстои околу 10 минути, а потоа мешајте со маталка додека не се изедначи целосно. Оставете да се излади на собна температура околу 10 минути, а веднаш штом ќе почне да се згуснува, извадете го колачот од фрижидер и врз кремот премачкајте ја глазурата во рамномерен слој. Оставете го колачот во фрижидер најмалку 30 минути пред да го исечете и послужите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ