вторник, 22 октомври 2024

Три земји ја потпишаа декларацијата за мир во Украина, а потоа го повлекоа потписот

Ирак, Јордан и Руанда ги повлекоа своите потписи од завршната декларација на самитот во Бургенсток, се наведува во ажурираната листа на потписници на веб-страницата на швајцарското Министерство за надворешни работи. Ова го намали бројот на земји кои го потпишаа документот на 77. Трите земји не објаснија зошто решиле да ги повлечат своите потписи.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Минатиот викенд во швајцарско алпско одморалиште се одржа самит за мир во Украина. Учествуваа 93 земји. Првично, 80 земји ја потпишаа конечната декларација која го поддржуваше територијалниот интегритет на Украина и повика на дијалог за постигнување мир.

„Ја потврдуваме нашата посветеност да се воздржиме од закана или употреба на сила против територијалниот интегритет или политичката независност на која било држава, на принципите на суверенитет, независност и територијален интегритет на сите држави, вклучително и Украина, во рамките на нивните меѓународно признати граници, вклучувајќи ги територијалните води и решавање на споровите по мирен пат како принципи на меѓународното право“, се вели во декларацијата.

Повелбата на ОН, вклучувајќи го и почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет, „може и ќе послужи како основа за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина“, се нагласува во декларацијата. „Ние веруваме дека постигнувањето мир бара вклученост и дијалог меѓу сите страни“, се додава.

13 земји веднаш одбија да ја потпишат декларацијата. Меѓу нив беа шест членки на групата Г20 – Бразил, Мексико, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Индија и Индонезија. Ерменија, Бахреин, Тајланд, Либија, Обединетите Арапски Емирати, Колумбија и Ватикан не ја поддржаа споменатата резолуција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ