сабота, 19 октомври 2024

Три години затвор за кумановката што прегази пешак, а чија ќерка исто загина во сообраќајна несреќа

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја осуди на казна затвор од три години кумановката Гордана Филиповиќ која во јануари 2022 година усмрти пешак на мостот Гоце Делчев во Скопје. Обвинетата Филиповиќ е мајка на Јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа. Освен затворот на Филиповиќ ѝ е изречена и мерка пет години забрана за управување со моторно возило.

Објавено на

часот

Сподели

Како што образложи судот на денешното изрекување на пресудата, минималната казна за ова кривично дело иако е четири години сепак, судијата одредил казна под пропишаната ценеќки ги сите олеснителни и отежнителни околности.

„Судот како олеснителни околности ги зема во предвид годините на обвинетата. Станува збор за млада личност која досега не се судрила со законот. Исто така судот ја зеде во предвид и нејзината состојба односно дека и таа изгуби ќерка токму во сообраќајна несреќа.  Како отежнителни околности судот ги зеде во предвид тоа што е зачестено случување на вакви сообраќајни несреќи како и тоа дека обвинетата имала забрана за возење но не ја впишала во возачката дозвола. Во предвид беше земен и фактот дека пред неа имало други две возила кои застанале да го пропуштат пешакот, а таа не знастанала да го пропушти пешакот. Со ваквата казна судот смета дека ќе се постигнат целите на казнувањето“, изјави по изрекувањето на пресудата, Јована Малезанска адвокатка на семејството на усмртениот пешак.

Малезаснка објасни дека како оштетена страна семејството во оваа постапка нема право да се жали на висината на казната затоа што тоа е кривично дело што се гони по службена должност. Дополнително тие го искористиле правото на жалба за трошоци што биле направени за време на постапката, а по поука на судот семејството на усмртениот пешак е упатено да побара оштета во граѓанска постапка пред Основниот граѓански суд Скопје.

„Нема да одиме во граѓански спор затоа што оштетното побарување е веќе исплатено преку осигурителна компанија“, изјави Малезанска.

Освен затворот на Филиповиќ ѝ е изречена и мерка пет години забрана за управување со моторно возило.

На почетокот на судењето во февруари годинава, обвинетата Филиповиќ побара кривичното дело да биде преквалификувано и да се третира како чин на небрежност, а според нејзината одбрана најмногу виновен за несреќата е жртвата на несреќата.

Но обвинителството не се согласи со тоа и, како што кажа обвинителката Сања Бурјаковска-Китановска ќе докаже дека Филиповиќ е виновна.

Обвинетата Гордана Филиповиќ е мајка на Јелена која имаше 17 години, а пред три години исто така загина во сообраќајна несреќа, несреќа која беше јавно експонирана преку плакати поставени билборди низ цело Скопје. Возачот кој ја прегазиЈелена доби 7,5 години затвор.

 

 

 

 

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ