Кои фактори влијаат на менталното здравје кај мажите?
Кои се начините да се препознаат знаците на менталните предизвици и каква поддршка може да биде достапна за нив.
Зошто е важно да зборуваме за машкото ментално здравје?
На 15 ноември 2024 година, во 18:30 часот, во просториите на Нетавил (новите згради спроти Машинскиот факултет), Ве покануваме да присуствувате на отворена дискусија за машкото ментално здравје.
Нашите специјални гости, кои ќе дадат одговор на овие прашања и ќе споделат корисни совети и стратегии за мажите, се:
- асс. д-р Васка Д. Митова, специјалист психијатар и психотерапевт
- Проф. д-р Стојан Бајрактаров, специјалист психијатар
Отворената дискусија е првиот чекор кон создавање подобра средина за сите мажи, во која ќе се охрабрат да зборуваат и да се грижат за своето ментално здравје.
Настанот е отворен за сите заинтересирани. Ве покануваме да ни се придружите во оваа важна иницијатива и заедно да ја подигнеме свеста за машкото ментално здравје.
Хуманата страна на Мовембер
Покрај едукативниот карактер, настанот има и хуманитарен аспект. Заедно, преку донации, да му помогнеме на малиот Алексеј Анастасовски.
Алексеј има само три години и му е дијагностицирана хипоксична енцефалопатија, ретка болест која означува недостаток на кислород во мозокот, создавајќи ризик од сериозни болести.Решението за оваа болест е пресадување на матични клетки, нешто што за жал не е возможно во нашите здравствени институции. Поради тоа неговото лечење мора да продолжи во болницата Лив Хоспитал во Турција кое чини 19.000 евра.
За време на нашиот настан за грижа на машкото здравје ќе бидат поставени донаторски кутии, каде што секој може да даде свој придонес.
Исто така, отворени се и телефонски линии за донации:
А1: 143 476
Телеком: 143132
и
Сметки за донација:
Алексеј Анастасовски
ТРАНСАКЦИСКА СМЕТКА – SPARKASSE BANK:
250500025372085,
Девизна сметка:
SWIFT-INSBMK22
IBAN CODE: MK07250780007344136 SPARKASSE
Да направиме мал придонес во неговото брзо оздравување и да му овозможиме на Алексеј да има весело детство.
Се гледаме на 15ти ноември!
Настанот се организира со поддршка на Лајонс Дистрикт 132 Македонија и Нетавил.