вторник, 22 октомври 2024

Трет ден се бара исчезнатото лице во акумулацијата Глажња

Објавено на

часот

Сподели

„Потрагата продолжува и денеска. Вчера по иницијатива на роднините на исчезнатото лице, беше ангажирано лице кое дојде со т.н „аквадрон“. Потрагата продолжува со пет нуркачки тима. Да нагласам дека длабочината на браната на местото каде последен пат е видено лицето нагло е зголемена и доаѓа до 40 метри. Покрај Тигрите во потрагата учествуваат и екипи на ДЗС, еден нуркачки тим и тим кој со чамец го пребарува брегот на езерото со асистенција на полицијата од СВР Куманово“, изјави Ангелов.

Водата во вештачкото езеро е матна, видливоста е околу 40 сантиметри што го отежнува пребарувањето, но Ангелов вели дека Тигрите имаат искуство во вакви пребарувања.

Се очекува да пристигнат и осум нуркачи од армиските специјалци Волци кои ќе се приклучат на потрагата.

г

Вчера и од АД Водостопанство Кумановско липковско поле информираа дека е стопиран темелниот испуст за да им се помогне на екипите во пребарувањето и да не се создаваат струи во езерото.

Потрагата по исчезнатиот млад жител на липковското Никуштак трае од завчера кога тој во попладневните часови влегол во водите на Глажња и не излегол.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ