петок, 25 октомври 2024

Трендафилов: Трговците се алчни, Владата да преземе поригорозни мерки

Трговците се алчни, повторно се обидуваат да заработуваат на грбот на граѓаните. Владата треба да преземе поригорозни чекори, рече денеска претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) Слободан Трендафилов, коментирајќи ги ефектите од есенската кошничка. Тој уште кажа дека загрижува тоа што покрај опасностите со кои се соочуваат работниците на работните места, тие се соочуваат и со опасности кога се враќаат од работа, потсетувајќи дека пред две недели во сообраќајна несреќа животот го загубија тројца работници.

Објавено на

часот

Сподели

Како што истакна Трендафилов, трговците го искористија периодот кога мерката за ограничување на маржите беше најавувана, па прво ги зголемија цените, за потоа, кога мерката стапи во сила, да ги намалат.

ССМ не очекува многу и од Законот за нефер трговски практики зашто, според Трендафилов, Инспекторатот кубури со луѓе и не може да исконтролира огромен број трговци.

Трендафилов уште кажа дека загрижува тоа што покрај опасностите со кои се соочуваат работниците на работните места, тие се соочуваат и со опасности кога се враќаат од работа, потсетувајќи дека пред две недели во сообраќајна несреќа животот го загубија тројца работници.

Покрај потребата од раст на платите, во фокусот на ССМ, Трендафилов нагласи, дека е безбедно и здраво да дојдеме до работа, да сработиме и да се вратиме до дома.

„За жал, брзањето да не задоцниме на работа. Брзањето да сработиме и брзањето да заработиме, понекогаш чини човечки животи и сметам дека сите заедно треба напорно да сработиме за да спречиме макар и една загуба на еден човечки живот и мислам дека тоа ќе биде еден од најголемите успеси“, изјави Трендафилов.

Според Трендафилов, и работодавачите, чија одговорност е да ги спроведат мерките за безбедност и здравје при работа, како и креаторите на политиките, треба да воведат дополнителни мерки кои ќе значат спасување на животите на работниците.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ