вторник, 22 октомври 2024
Министерката по средбата со Сојузот на пензионери

Тренчевска: Формираме работна група и ќе одиме по градови да ги слушнеме предлозите на пензионерите

Објавено на

часот

Сподели

По вчерашниот голем пензионерски протест во Скопје и по разговорите во Министерството за труд и социјална политика, министерката Јованка Тренчевска за време на денешната средба со  претседателката на Сојузот на пензионери, Станка Трајкова и со претседателите на здруженијата на пензионери од Прилеп, Штип и од Охрид, кажала дека во изминатиот период методологијата за пораст на пензиите и мерките за поддршка на пензионерите кои се дел од ранливата категорија на граѓани се донесени заедно со Сојузот на пензионери. Таа истакнала дека работата на министерството со Сојузот во изминатиот период не била во мирување туку напротив во континуитет се работело на решение за утврдување на износ на минимална пензија.

Во соопштението на министерството понатаму се вели:

„На средбата од страна на присутните беше заклучено  формирање на работна група која ќе биде составена од претставници од Министерството за труд и социјална политика, претставници од Владата и Сојузот на пензионери и Фондот на пензиското и инвалидското осигурување. 

д

Работната група треба да предложи решенија кое ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови на пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите.  Работната група треба да работи на решенија кои ќе бидат одржливи, кои не ја нарушуваат стабилноста на Фондот на пензиското и инвалидското осигурување и кои пред се ги почитуваат потребите на пензионерите.

Министерката посочи дека во периодот кој што следи ќе се интензивираат средбите со пензионерите во сите градови во државата. Според неа тоа ќе биде можност за давање на предлози кои ќе бидат основ во креирање на решенија и предвидување на потребните законски измени за барањата да бидат реалност.

Тренчевска на крајот од средбата истакна дека Министерството ќе вети само исполнување на решенија кои навистина ќе можат да се спроведат, затоа што според неа зборот даден кон граѓаните секогаш треба да биде целосно реализиран“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ