среда, 23 октомври 2024

Трамп за говорот на Бајден: „Едвај го разбрав. Многу лошо!“

Американскиот претседател Џо Бајден синоќа ѝ се обрати на нацијата за да објасни зошто се откажа од кандидатурата за втор мандат три месеци пред изборите.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќањето во живо од Овалната соба на Белата куќа, неговото прво појавување во јавноста по објавувањето на повлекувањето од трката во неделата, тој рече дека го сторил тоа затоа што демократијата е под закана и дека најдобриот начин напред е да ја предаде палката на нова, помлада демократија. Тој ја поддржа Камала Харис, велејќи дека таа е искусна, силна и способна и дека Америка треба да избере дали сè уште верува во основните вредностите врз кои е заснована.

Веднаш по обраќањето на Бајден, на својата социјална мрежа се огласи поранешниот претседател и републикански претседателски кандидат на ноемвриските избори, Доналд Трамп.

„Говорот на расипаниот Џо Бајден од Овалната соба беше едвај разбирлив и многу лош!“, напиша Трамп.

Потоа објави уште еден пост, цел со големи букви.

„РАСИПАНИОТ ЏО БАЈДЕН И ЛАЖЛИВАТА КАМАЛА ХАРИС СЕ ОГРОМНА СРАМОТА ЗА АМЕРИКА – НИКОГАШ НЕ СМЕ БИЛЕ ВО ВАКВО ВРЕМЕ!“, напиша тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ