Тој вети дека „ќе ја реши ситуацијата многу брзо“ доколку биде реизбран, истакнувајќи дека многу добро ги познава рускиот претседател Владимир Путин и украинскиот лидер Володимир Зеленски.
„Русија никогаш не би ја нападнала Украина, јас и Путин одлично се согласуваме… Ситуацијата во Украина е страшна, планираме да ја решиме многу брзо. Го познавам претседателот Путин многу добро, го познавам Зеленски многу добро, можам да разговарам со нив и ќе го решиме овој проблем многу брзо“, рече Трамп во говорот по победата на внатрепартиските избори на Републиканската партија во Ајова, пренесува Скај њуз.
Трамп изјави дека „Израел никогаш немаше да биде нападнат“ ако тој сè уште беше претседател и го повтори тврдењето дека последните американски избори биле наместени.
Тој вети дека ќе ја запре „инвазијата“ на мигрантите на американската граница со Мексико.
Поранешниот претседател вети дека ќе го „среди светот“ ако биде реизбран, велејќи дека глобалната „смрт и уништување“ никогаш не биле вакви.