среда, 23 октомври 2024

Трамп: Утре расипаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека се откажал

Во телефонски разговор за Си-ен-ен неколку минути откако претседателот Џо Бајден објави дека излегува од претседателската трка во 2024 година, поранешниот претседател и претседателски кандидат Доналд Трамп го опиша Бајден како „убедливо најлошиот претседател во историјата на земјата“. Потоа, тој не престана да објавува на својата социјална мрежа Трут соушл.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој се запраша дали некој верува дека американскиот претседател Џо Бајден, кој синоќа објави дека нема да биде кандидат во трката за нов мандат, има коронавирус.

„Дали некој навистина верува дека расипаниот Џо има ковид? Не, тој сакаше да замине уште на 27-ми јуни, ноќта на дебатата, каде што беше целосно уништен. Тоа беше голем момент во падот на Џо Бајден. Тоа беше момент кога Џо беше разоткриен онаков каков што е, неспособен човек кој никогаш не требаше да биде претседател. Џо Бајден не е способен да служи – тој ја уништува нашата земја!“ напиша Трамп.

„Не е готово! Утре скапаниот Џо Бајден ќе се разбуди и ќе заборави дека денеска се откажа од трката!“ напиша тој.

„Кој сега ни ја води државата? Тоа не е расипаниот Џо, тој појма нема каде е. Ако не може да води кампања, не може да ја води ни нашата земја!!!“, гласеше една од објавите на профилот на Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ