четврток, 24 октомври 2024

Трамп реагираше на оставката на шефицата на американската Тајна служба

Директорката на американската Тајна служба Кимберли Читл поднесе оставка откако безбедносната агенција се најде под остри критики бидејќи не го спречи напаѓачот да го рани поранешниот претседател Доналд Трамп за време на предизборен собир, објави американскиот претседател Џо Бајден.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тајната служба, која е одговорна за заштитата на сегашните и поранешните претседатели на Соединетите Американски Држави, се соочува со криза откако вооружен маж успеа да пука во Трамп од покрив на собир на отворено во Батлер во Пенсилванија на 13 јули.

За смената на шефицата на Тајната служба на својата социјална мрежа Трут сошал се огласи и самиот Доналд Трамп.

„Владата на Бајден/Харис не ме заштити како што требаше и бев присилен да бидам застрелан за демократијата. Ми беше голема чест да го направам тоа!“, порача Трамп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ