По речиси тричасовна дискусија, деветчлената порота на федералниот суд на Менхетн одлучи да определи парична казна во висина од околу пет милиони долари за надомест за нанесена штета на Џин Керол.
Поротата утврдила дека Трамп не ја силувал Џин Керол, туку дека сексуално ја нападнал, пренесоа агенциите.
Веднаш по пресудата Трамп на социјалната мрежа Трут сошл напиша дека пресудата е „срамна“ и дека тој „апсолутно нема поим која е оваа жена“, како и дека со ова продолжува „ловот на вештерки“.
Портпаролот на Трамп соопшти дека Трамп ќе поднесе жалба на пресудата.
Трамп нема да мора да ја плати отштетата додека се чека неговата жалба.