Вардар ја продолжи црната серија во Првата лига, на шест натпревари во низа не знае за победа, а дури на пет од нив загуби.
Попладнево, Брера ги совлада „црвено-црните“ во Скопје со 0-1, Горазд Михајлов се одмазди за отказот кој го доби на почетокот од сезоната.
Голот за победа на екипата од Струмица го постигна Ѓорѓе Ивковиќ во 19. минута, кој искористи една лоша реакција на одбраната на Вардар и голманот Гачевски, и ја затресе мрежата.
Со овој пораз, Вардар падна на последното место на табелата со 8 бодови, колку што има и Тиквеш, но „црвено-црните“ имаат полоша гол-разлика.
На останатите натпревари од 12. коло во ПМФЛ, Работнички испушти победа во Кратово, додека пак Шкендија славеше против Беса. Воска Спорт освои три бода во пресметакта против Шкупи, исто како и Струга на гостувањето кај Тиквеш. На натпреварот помеѓу Гостивар и Пелистер немаше победник.
Резултати – 12. коло – Прва лига:
Гостивар – Пелистер 0-0
Шкендија – Беса 2-1
Силекс – Работнички 1-1
Тиквеш – Струга 0-1
Вардар – Брера Струмица 0-1
Воска Спорт – Шкупи 3-1
Табела (бодови):
Рабтнички 24, Шкендија 23, Силекс 21, Гостивар 21, Струга 19, Шкупи 16, Брера Струмица 15, Пелистер 13, Беса 12, Воска 10, Тиквеш 8, Вардар 8