среда, 30 октомври 2024

Трамп порача дека ќе се врати на местото на атентатот и ќе одржи „голем митинг“

Кандидатот на Републиканската партија на претстојните претседателски избори во Соединетите Американски Држави Доналд Трамп најави дека наскоро ќе одржи уште еден митинг во Батлер, во Пенсилванија, каде беше мета на атентат.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ќе се вратам во Батлер, во Пенсилванија, на голем и преубав митинг“, порача Трамп на социјалните мрежи.

Трамп не наведе датум на митингот, а деталите ќе ги објави накнадно, пренесува Ројтерс.

Атентатот на поранешниот американски претседател го изврши Томас Метју Крукс на предизборен собир во Пенсилванија на 13 јули.

Трамп беше ранет во десното уво, еден негов поддржувач беше убиен, додека двајца беа ранети.

ФБИ соопшти дека Трамп во Пенсилванија го погодил куршум во увото. „Она што го погоди поранешниот претседател Трамп во увото беше куршум, цел или фрагментиран на помали парчиња, испукан од пушка“, соопшти ФБИ.

Соопштението следи два дена откако директорот на ФБИ Кристофер Реј изјави дека не е јасно дали повредите на Трамп се предизвикани од куршум, шрапнел или стакло.

Поранешниот лекар на Трамп Рони Џексон, за време на неговиот мандат во Белата куќа, го негираше тврдењето на директорот на ФБИ дека шрапнел, а не куршум, можел да ја предизвика повредата на републиканскиот кандидат во пукањето во Пенсилванија.

„Апсолутно нема докази дека тоа било нешто друго освен куршум“, напиша лекарот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ