вторник, 26 ноември 2024

Трамп: Нема да учествувам на уште една изборна дебата со Камала Харис

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претстојните претседателски избори, Доналд Трамп, денеска изјави дека нема да учествува на уште една изборна дебата со неговата демократска ривалка, потпретседателката Камала Харис.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Нема да има трета дебата“, напиша Трамп на својата социјална мрежа Трут Соушл, пренесува Ројтерс.

„Кога наградуваниот борец ќе ја загуби борбата, првите зборови од неговата уста се: сакам одмазда. Анкетите јасно покажуваат дека победив во дебатата против другарката Камала Харис, кандидатот на радикалната левица на демократите, во вторникот вечерта, и таа веднаш повика на втора дебата“.

„Таа не се појави на Фокс њуз и одби дебати на Ен-би-си и Си-би-ес. Камала треба да спореди што требаше да направи во последните речиси четири години. Трета дебата нема да има!“, објави Трамп.

Трамп учествуваше во дебата против американскиот претседател Џозеф Бајден во јуни и со Харис на почетокот на оваа недела.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ