понеделник, 16 септември 2024

Трамп: Навреден сум што Путин ја поддржа Камала на претседателските избори

Поранешниот американски претседател и републикански кандидат на претседателските избори во ноември, Доналд Трамп изјави дека е навреден од изјавата на рускиот претседател Владимир Путин за поддршка на кандидатката на демократите Камала Харис.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Како што пренесе ТАСС, рускиот лидер оваа недела иронично изјави дека откако американскиот претседател Џо Бајден се „повлекол“ од претседателската трка, Москва ја поддржа Камала Харис.

Путин додаде дека изборот зависи од американскиот народ. „Го познавам Путин. Го познавам многу добро. Знаете, тој поддржа, не знам дали сте го слушнале, ја поддржа Камала“.

„Тој ја поддржа Камала! Тоа навистина ме навреди. Се прашувам зошто ја поддржа Камала. Сега стана шахист“, рече Трамп на митингот во Висконсин, додавајќи дека можеби тоа било кажано на шега.

Трамп претходно ги опиша Путин, кинескиот претседател Си Џинпинг и турскиот лидер Реџеп Таип Ердоган како шахисти од светска класа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ