среда, 23 октомври 2024

Трамп: Навални беше многу храбар, но не требаше да се врати во Русија

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп вчера изјави дека Алексеј Навални бил многу храбар човек кој веројатно не требало да се врати во Русија, не обвинувајќи никого за ненадејната смрт на рускиот опозициски лидер во затвор.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Демократскиот претседател Џо Бајден и други западни лидери го обвинија рускиот претседател за смртта на Навални, како и Ники Хејли, единствениот преостанат ривал на Трамп за републиканската претседателска номинација.

„Навални е една многу тажна ситуација… Тој беше многу храбар човек затоа што се врати. Можеше да остане настрана. И искрено, веројатно ќе беше многу подобро ако се држеше настрана и да зборуваше надвор од земјата наместо да се врати. Тоа е страшна работа“, рече Трамп во интервју за Фокс њуз од градското собрание во Јужна Каролина.

Кремљ негира каква било вмешаност во смртта на Навални и рече дека западните тврдења дека Путин е одговорен се неприфатливи.

Трамп дополнително се спореди себеси со Навални, алудирајќи дека и двајцата се жртви на политички прогон.

„Тоа се случува и во нашата земја“, рече Трамп. „Се претвораме во комунистичка земја на многу начини. Имам осум или девет судења само поради фактот дека… сум во политиката.“

Во неделата, Трамп на својата социјална мрежа Трут соушл напиша дека смртта на Навални во казнената колонија на Арктикот минатата недела „дополнително го освестила за она што се случува“ во САД. Тој не ја елаборираше тезата, но во минатото често зборуваше за тоа како обвиненијата против него се политички мотивирани, тврдења кои обвинителството ги отфрла.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ