четврток, 31 октомври 2024

Трамп на собир пристигна со камион за ѓубре, откако Бајден неговите поддржувачи ги нарече ѓубре (ВИДЕО)

Доналд Трамп, по изјавите на Бајден за поддржувачите и ѓубрето, на митинг во Висконсин одржа говор во рефлексивен елек. Пред тоа на собирот дојде со камион за ѓубре.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Како ви се допаѓа мојот камион за ѓубре? Тој е во чест на Камала и Џо Бајден“, им рече Трамп на новинарите.

На собирот потоа им се обрати на поддржувачите: „Морам да почнам со тоа што ќе кажам дека 250 милиони Американци не се ѓубре“, рече тој, осврнувајќи се на изјавата на Џо Бајден – кој, како што подоцна се обиде да објасни – во гаф ги нарече поддржувачите на Трамп „ѓубре“.

Бајден зборуваше за комичарот кој го нарече Порторико „пловечки остров на ѓубре“ на митингот на Трамп во Медисон Сквер Гарден.

„И токму пред некој ден, говорник на неговиот митинг го нарече Порторико „пловечки остров на ѓубре“. Па, да ви кажам нешто, Порториканците што ги знам се добри, пристојни, чесни луѓе“, рече Бајден на настанот, кој беше организиран за дополнително да ги охрабри гласачите да излезат на гласање и да ја поддржат Камала Харис.

„Единственото ѓубре што го гледам како плови надвор се неговите поддржувачи. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно и неамериканско“, продолжи Бајден.

Белата куќа брзо се обиде да ја минимизира штетата. Портпаролот Ендрју Бејтс рече дека Бајден мислел на „реториката полна со омраза“ на митингот во Њујорк, а не на поддржувачите на поранешниот претседател. Набрзо и самиот Бајден се огласи на социјалните мрежи.

„Претходно денес, реториката полна со омраза за Порторико ја нареков ѓубре, а која ја кажа поддржувач на Трамп на неговиот собир во Медисон Сквер Гарден – што е единствениот збор што можам да се сетам за да ја опишам. Неговото демонизирање на Латиноамериканците е несовесно. Тоа е сè што сакав да кажам. Коментарите на тој митинг не одразуваат кои сме ние како нација“, напиша тој на Икс.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ