понеделник, 28 октомври 2024

Трамп: Куршумот ми го прободе горниот дел од увото

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека бил „погоден од куршум што ми го прободе горниот дел од десното уво“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој на својата социјална мрежа Трут сошл рече дека „веднаш знаев дека нешто не е во ред кога слушнав звук на свиреж, истрел“ и веднаш почувствувал како куршумот му поминува низ кожата. „Имаше многу крвавење, па тогаш сфатив што се случува. БОГ ДА ЈА БЛАГОСЛОВИ АМЕРИКА!“

Трамп ѝ се заблагодари на американската Тајна служба за нивниот „брз одговор“ и изрази сочувство до „семејството на убиениот на митингот, како и на семејството на другото лице што беше тешко повредено“.

„Неверојатно е таков чин да се случи во нашата земја. Засега ништо не се знае за напаѓачот, кој сега е мртов“, рече тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ