среда, 23 октомври 2024

Трамп ја обвини Камала Харис дека не ги сака Евреите иако е мажена за Евреин

Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека потпретседателката на САД Камала Харис, која е во брак со Евреинот Даг Емхоф, „не ги сака Евреите“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Трамп, во интервју за американската радио станица ВАБЦ, рече дека изгледало како на Харис да ѝ било непријатно кога минатата недела се сретна со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во Вашингтон.

„Го гледате презирот“, рече Трамп, тврдејќи дека Харис не ги сака Израел или Евреите, пренесе АП.

Трамп рече дека тоа „сите го знаат“, но никој не сака да го каже.

Слично тврдеше дека Харис не ги сака Евреите во петокот додека зборуваше со христијанска група на собирот организиран од Трнинг поинт во Флорида.

Американскиот претседател Џозеф Бајден на 21 јули се повлече од кампањата за реизбор на претседателските избори на 5 ноември.

Бајден рече дека ја поддржува Камала Харис како кандидат на демократите на претседателските избори за да се соочи со републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Харис досега во кампањата собра повеќе од 200 милиони долари, соопшти нејзиниот изборен штаб.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ