четврток, 24 октомври 2024

Трамп: Чудо е што сум жив, го ценам повикот на Бајден

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат Доналд Трамп изјави дека атентатот врз него во Пенсилванија, кога беше полесно повреден, е надреално искуство и дека „требаше да сум мртов, но за среќа, сè уште сум тука“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во интервјуто за Њујорк пост што го даде на летот за Милвоки, каде што од денеска до четврток се одржува конвенцијата на републиканците, Трамп рече дека докторот во болницата му рекол дека никогаш не видел такво нешто и дека „е вистинско чудо“.

„Не би требало да сум сега овде, требаше да сум мртов. За среќа, сè уште сум тука“, рече Трамп.

Тој додаде дека агентите на Тајната служба го придружувале од говорницата во Пенсилванија иако сакал да го продолжи своето обраќање пред толпата поддржувачи, но бил предупреден дека не е безбедно и дека треба да го однесат во болница бидејќи крварел.

Трамп рече дека бил воодушевен од брзината на реакцијата на агентите штом почнало пукањето.

Тој додаде дека агентите интервенирале толку решително и жестоко што чевлите му паднале од стапалата, објаснувајќи зошто на видеото за време и по пукањето, додека агентите се обидувале да го симнат од бината, се слуша како вели: „Чекајте! Сакам да си ги земам чевлите“.

Трамп го пофали персоналот на Тајната служба за ефективно неутрализирање на напаѓачот, лоциран на околу 120 метри од подиумот.

Тој истакна дека ја цени поканата што ја добил од американскиот претседател Џозеф Бајден, опишувајќи ја како „добар и многу убав гест“.

Според поранешниот американски претседател, нивното ривалство отсега би можело да биде поцивилизирано.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ