четврток, 24 октомври 2024

Трамп: Ако станам претседател, ќе ја дознаете вистината за атентатот

Кандидатот за претседател на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп порача дека е спремен да ја тргне ознаката за тајност од материјалите на истрагата за обидот за убиство, ако победи на претседателските избори.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Многу детали за атентатот им се веќе познати на истражителите, но некои од тие детали не се добри“, кажа Трамп за Фокс њуз, прашувајќи како лицето кое го застрела можело да стигне до покривот и зошто не им било пријавено на надлежните служби.

Водителот на Фокс њуз го праша Трамп, ако биде повторно избран, дали би можел да ја тргне ознаката за тајност од истрагата за атентатот, на што поранешниот американски претседател одговори: „Нормално, бидејќи тука нема што да се крие“.

Трамп зборуваше и за својот разговор со Џо Бајден по атентатот, напоменувајќи дека американскиот претседател му кажал дека „имал среќа што ја свртел главата надесно“, оценувајќи дека на Бајден му е извршен државен удар.

Тој се осврна и на својот потпретседателски кандидат, укажувајќи дека го избрал сенаторот Џ.Д. Венс поради „добрата хемија“ меѓу нив.

„Меѓу нас секогаш имало добра хемија. На почетокот Џ.Д. не беше за мене, но не ме ни познаваше. А потоа, откако се запознавме, му се допаднав, веројатно повеќе од другите. Меѓу нас автоматски се создаде хемија“, наведе Трамп.

Трамп во претходно интервју за Фокс њуз кажа дека Бајден бил „Многу љубезен“ кон него за време на телефонскиот разговор по обидот за убиство, но не откри детали од разговорот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ