Македонискиот репрезентативец кој е член на АК Работнички, со нов национален рекорд во сала со скок од 7 метри и 85 сантиметри, го освои 7. место со што обезбеди место во финалето на ЕП.
Во првата серија тој скокна 7.51 метар, во втората 7.77, а во третата 7.85 метри.
Ова е огромен успех за Трајковски и за Македонија бидејќи тој е првиот македонски атлетичар што обезбедил финале на Европско првенство во атлетика.
Финалето во скок во далечина е на програмата утре (петок) со почеток во 20 часот и 34 минути.